Аквапаркот во Хотел Изгрев е еден од најголемите аква паркови во регионот со бројни тобогани и 6 базени. Влезете во прекрасното пространо лоби каде веднаш ќе се чувствувате како дома...
Меѓу прекрасната борова шума покрај брегот на Охридското езеро, како мал рај, е сместен хотелот Изгрев. Овој луксузен хотел хотел се протега на површина од околу 90 000 м², со 500м приватна плажа и се наоѓа на само 5 км од Струга и 20 км од Охрид. Има одлична поврзаност со добри патишта и е на само 15 км од аеродромот во Охрид. Во ова рајско место може да ги најдете сите содржини и услуги соодветни на ваков ресорт.