Нашите стандардни соби со поглед на езеро имаат една спална соба со дупли кревет (queen size), едно купатило и балкон каде што може да се опуштите со поглед кон прекрасното Охридско Езеро. Собите се современо опремени со основни средства за лична хигиена, ЛЦД телевизор, сет за чај и кафе, клима, централно греење, фен, дигитален сеф и минибар.